Uğur Ulu
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
БУРСА (АА) - Турската полиција приведе најмалку 19 лица кои се поврзуваат со случајот „паралелни структури”, односно терористичката организација ФЕТО или движењето попознато како „Хизмет”, на чело со Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, во рамките на полициската акција на Одделот за борба против тероризмот од Бурса, извршени се претреси во градовите Бурса, Истанбул, Коџаели, Чанаккале, Текирдаг и Сивас.
Во текот на акцијата приведени се најмалку 19 лица меѓу кои има и верски службеници.
Тие се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, како нејзини членови или за пружање финансиска поддршка на организацијата.
Приведените лица се префрлени во зградата на полицијата во Бурса поради понатамошна криминалистичка обработка.
Инаку, Обвинителството во Истанбул, во март минатата година, побара лишување од слобода на Фетула Ѓулен, водачот на движењето кое обвинителството го товари за незаконски активности.
Турција има издадено потерница за Ѓулен, обвинет за водење криминална организација и обид за државен удар.
Со посредство на Министерството за надворешни работи, Турција има побарано од САД предавање на Ѓулен поради негово процесуирање пред турското правосудство.