Enes Kaplan
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
АНКАРА (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање во Анкара, на одбележување на Денот на адвокатите, изјави дека проблемот на тероризмот би бил решен за три дека во случај кога таа борба Турција не би ја водела во склад со моралните, совесните и правните принципи, јавува Anadolu Agency (AA).
"Добро знаеме дека постојат и оние ‘адвокати’ кои зад маската на адвокатската кацеларија делуваат за потребите на терористичка организација. Посебно сакам да нагласам дека и оние кои истото го прават како новинари, доктори, просветни работници ...", рече Ердоган.
Зборувајќи за делувањето на паралелните структури и терористичката организација ПКК, Ердоган рече дека иако се изгледа дека делува независно, се работи за организации кои се вклучени во ист сценарио.
"Кога како држава, борбата против тероризмот не би ја воделе во склад со моралните, совесните и правните принципи тој проблем би бил решен за три дена. Сакам да знаете како организацијата на злото која се нарекува 'паралелна структура', во земјата а и надвор од нејзините граници, со сетта сила и на сите начини работи против нашата татковина и против нашиот народ", порача Ердоган и додаде:
"Никаква разлика нема помеѓу шпиуни со лична карта на новинари, активисти во ликот на политичарите, милитанти со титула на службеници и терористи кои со оружје и бомби работат според директивите на терористичките организации"
Претседателот Ердоган додаде дека е свесен за фактот дека турските војници гинат, но како што нагласи, територијата на Турција не e само парче земја регистрирано во катастар.
"Сите оние кои негуваат одредени лоши намери кон нашата татковина, првин нека погледнат каква цена за неа плажавме во изминатите илјада години и според тоа, нека преземат свои чекори. Но, тој чекор може да му биде последен. Овие зборови се однесуваат на сите оние кои под различни имиња на мета го имаат интегритетот на нашата земја и единството на нашиот народ", порача Ердоган.
Зборуваќи за преземање мерки против оние кои ја поддржуваат терористичката организација, Ердоган рече дека е неопходно да се биде решителен во тоа, вклучувајќи и одземање на државјанства. "Тие не може да бидат државјани на оваа држава! ", рече турскиот претседател.