Diyar Güldoğan
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 23 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции спроведени низ цела Турција во текот на изминатата недела, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството истакна дека во периодот меѓу 1 и 8 октомври биле спроведени 2.421 антитерористичка операција.
Во соопштението на турското МВР се вели дека седум терористи се убиени, четворица уапсени, додека 12 им се предале на турските сили за безбедност.
Безбедносните сили заплениле 24 рачни гранати, 303 килограми експлозивен материјал, 45 импровизирани експлозиви, 25 парчиња оружје со долга цевка и 3.048 парчиња муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца.
Турските безбедносни сили, исто така, уапсија 4.475 лица за криминални дела поврзани со криумчарење и дрога, 774 лица за помагање терористички организации и 101 осомничен за криумчарење луѓе.
Според соопштението на турското МВР, во текот на акциите на надлежните се фатени и 7.303 нелегални мигранти.