Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките акции на турските безбедносни сили спроведени од 8 до 15 јануари, неутрализирани се 19 терористи од кои двајца се убиени, деветмина заробени, а осум терористи се предадоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека припадниците на безбедносните сили во споменатиот период извршиле 1 299 акции.
Поради сомнение дека пружале помош на терористите на ПКК, упасени се 183 лица, односно 71 лице поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ. Во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО уапсени се 721 лица, а во борбата против левичарските терористички организации 11 лица.
Меѓу неутрализираните терористи се наоѓаат и шестмина припадници на ДЕАШ.
Припадниците на турските безбедносни сили во акциите спроведени со Батман, Битлиш, Дијарбакир, Хакќари, Мардин, Муса, Ширнак, Сирт, Токат, Тунџели и Ван уништија 79 засолништа и пештери, како и 19 експлозивни направи.
Запленето е над еден тон материјал кој се користи при правење на експлозиви, 30 рачни бомби, 24 парчиња оружје и 3 682 парчиња муниција.
За време на борбата против нарко-мафијата извршени се вкупно 3 150 акции во кои се запленети речиси два тони марихуана, 698 килограми хероин, 19 килограми кокаин и големи количини други опојни средства.
Турските сили ја продолжија борбата и против илегалната миграција, така што фатени се 4 612 лица, од кои 505 во поморскиот простор, кои се обиделе нелегално да ги преминат границите на земјата. Приведени се и 77 лица осомничени за организирање нелегални премини.