Fatih Hafız Mehmet
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во Истанбул утрово уапси 150 војници под сомнение дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Главното Обвинителство во Истанбул денес издаде налог за апсење на 300 војници во рамките на истрагата за структурите на ФЕТО во турската Армија. Потерниците се однесуваат на 211 војници кои се во активна служба.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции во Турција, за во 1980-тите значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во тие институции и на 15 јули 2016 година да изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
За време на обидот за воен удар во Турција загинаа 250 лица, а 2.200 беа повредени. Турските надлежни институции започнаа опсежна борба против оваа терористичка организација на чие чело се наоѓа Фетула Ѓулен.