Sadık Kedir Abdu
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
МУГЛА (AA) - По потонувањето на чамец во морскиот простор на Фетије, југозападна Турција, спасени се сите 79 лица, меѓу кои 71 студент, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на околијата Фетије, Музафер Шахинер, истакна дека во акцијата за спасување учествувале поморските сили и крајбрежната стража.
Тој посочи дека учениците од Универзитетот „Сакип Сабанџи“ пливале кон карпите за да се спасат, додавајќи дека подоцна биле префрлени до најблиското пристаниште од страна на поморските сили и крајбрежната стража.
Во акцијата за спасување се користени и пет спасувачки чамци, авион и хеликоптер.
„При потонувањето на чамецот нема повредени, ниту жртви“, рече Шахинер и додаде дека многу студенти биле преплашени, напоменувајќи дека тие се на безбедно.
На крајот соопшти сека сè уште не е позната причината за потонувањето на чамецот.