Rauf Maltaş,Mehmet Fatih Aslan
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Денес во Шанлиурфа, град во југоисточниот дел на Турција, фатени се двајца припадници на терористичката организација ДАЕШ, кај кои е пронајден експлозив и елеци за самоубиствени напади со кои планирале да извршат напад во тој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека на терористите им влегла во трага откако добиле информација дека двајца припадници на ДАЕШ преку границата со Сирија влегле во градот Акчакале од каде што стигнале до местото Ејубије во Шанлиурфа, во југоисточниот дел на Турција.
Турската полиција со брза реакција ги уапсила терористите додека во камионет ги товареле експлозивните средства.
За време на полициската акција запленети се 24 килограми експлозив со разорна моќ, рачно изработени бомби, елеци за самоубиствени напади и голем број други експлозивни направи.
Полицијата во текот на акцијата привела двајца припадници на ДАЕШ кои, како што наведе таа, со камионет планирале да изведат напад во тој турски град.