Zehra Aydın
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
АНКАРА (АА) –Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоганд денеска за време на посетата на Катар изјави дека Турција води севкупна и одлучна борба против терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
"Во врска со борбата против ДАЕШ, во светот ни една земја не води таква севкупна борба како Турција, а која веќе дава резултати. Додека некои под изговор борбата против ДАЕШ во Сирија, спроведуваат сопствени активности, Турција сепак избра да завземе место покрај угнетените браќа под цена да биде изложена на нападите на оваа терористичка организација ", истакна Ердоган.
За време на обраќањето на церемонијата на Универзитетот во Катар, каде му е доделена титулата на почесен доктор, Ердоган рече дека е многу жално за целото човештво што постои распространета верска и етничка дискриминација кон бегалците во одредени делови на светот.
"По ставовите кои се многу искучиви и увредливи кон бегалците, многу е жално за целото човештво да се види дека постои распространета верска и етничка дискриминација. Слушаме дека и некои зборуваат дека им праќаат само немуслимани, или само квалификувани лица а никако неквалификувани. Турција воопшто не прави таква разлика. Ние примивме и муслимани, но и немуслимани. Зошто? Затоа што ни е целта да бидеме луѓе и да останеме луѓе. Исто така, упоредувајќи го тероризмот со една вера највеќе им оди во корист на самите терористи", рече турскиот претседател .
На крајот нагласи дека за решавање на војната во Сирија потребно е што поскоро да се постигне политичко решение.
"Од самиот почеток на кризата говоревме, а и понатаму истото го говориме, дека последиците на оваа криза ќе се почувствуваат и на пошироко подрачје. Се додека со политичката промена не се изнајде решение за оваа криза не може да се реши проблемот со бегалците",рече Ердоган.
Во текот на своето обраќање, тој се осврна и на турската надворешна политика.
"Продолжуваат нашите активности на јакнење на културата на мирот како и на создавање на атмосфера на меѓусебено почитување", рече Ердоган кој се наоѓа во посета на Катар.