Ramazan Kaya,Bestami Bodruk
18 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ЕЛАЗИГ (AA) - Терористите на ПКК со автомобил-бомба извршија напад на градската полициска станица во Елазиг. Во нападот животот го изгубија тројца полицајци, а 170 лица се повредени, од кои 14 се во тешка состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Од страна на припадниците на терористичката организација ППК е извршен терористички напад со автомобил-бомба на градската полициска станица. Во нападот тројца полицајци го изгубија животот. Веднаш по нападот, тешко повредените беа префрлени во различни болници од страна медицинските возила.
Како последица на нападот беа оштетени објектите на градската полициска станица и другите околни објекти. Исто така, беа оштетени и дрвјата во паркот на градската полициска станица. На местото на експлозијата направена е голема јама.
По нападот, гувернерот Мурат Зорлуоглу пристигна на местото на настанот.
- Изјава од гувернерството -
Во изјавата на гувернерството беше соопштено дека денеска во 09.15 часот, со минибус од типот „транзит“ е извршен терористички напад врз полициската станица во Елазиг.
Во соопштението стои дека „автомобилот-бомба есплодирал надвор од зградата на полициската станица. Како последица на нападот, животот го изгубија тројца полицајци, а 170 лица беа повредени, 14 од нив потешко повредени“.
Додека во различни болнички установи продолжува медицинскиот третман на повредените, во сопштението се вели дека продолжуваат истражните дејствија за настанот.