Satuk Buğra Kutlugün
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Безбедносни извори соопштија дека полицијата денес уапсила тројца осомничени во врска со вчерашниот бомбашки напад на полициски службеници во југоисточната турска област Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Четворица полицајци загинаа, а двајца беа повредени во терористички напад на терористите на ПКК врз полициско возило во подрачјето на Сур.
„Осомничените се во полициска станица на дополнително сослушување“, изјави анонимниот извор.
Претходно, претставници на безбедносните сили изјавија дека во нападот бил користен околу 200 килограми експлозив, од кој се создала јама со длабочина од 1 метар и широка 2 метра.
ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Таа ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015 година и оттогаш е одговорна за смртта на околу 1.100 лица од безбедносните сили, како и цивили, вклучувајќи жени и деца.