Halil Demir,Kenan Irtak
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Се дознава дека е уапсен Абдулгадир Масхарипов кој се бараше под обвинение дека го извел нападот во новогодишната ноќ во ноќниот клуб во Бешикташ, во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, се дознава дека екипите на Одделот за антитероризам при Полициската управа на Истанбул откриле дека напаѓачот на ноќниот клуб во Ортаќој се криел во населбата Есенјурт.
Во акцијата организирана во наведената адреса, полицијата уапси пет лица, имено осомничениот Абдулгадир Масхарипов заедно со едно лице со потекло од Киргистан и три женски лица.
Осомничените беа пренесени во кампусот на Полициската управа на Истанбул на улицата Ватан.
Од друга страна, се дознава дека се во тек истовремени акции кон другите ќелии на организацијата.