Satuk Buğra Kutlugün
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Властите на Република Турција синоќа ја укинаа вонредната состојба која во земјата беше воведена на 20 јуни 2016 година, по неуспешниот обид за воен удар кој го изврши терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Вонредната состојба е укината еден час по полноќ, по локално време.
Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, вчера изјави дека и по укинувањето на вонредната состојба Турција ќе продолжи одлучната борба против сите видови на тероризмот.
Ресорниот турски министер Ѓул истакна дека пред турските судови се водат опсежни процеси против припадниците на терористичката организација ФЕТО.
„Во судовите се водат 94 одвоени постапки во кои им се суди на вкупно 2.161 обвинет, сите во притвор. Првостепената постапка е завршена во 195 постапки, вклучувајќи и две постапки потврдени и на повисокиот суд. Во тие случаи на затворски казни во различни периоди, вклучувајќи и повеќекратни доживотни казни, осудени се вкупно 2.382 обвинети лица“, изјави Ѓул.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен водеа долгогодишна кампања за рушење на власта со инфилтрација во турските институции, особено во Војската, полицијата и правосудството.
Оваа терористичка организација на 15 јули 2016 година изврши и неуспешен обид за воен удар во Турција во која животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети.