İnci Gündağ
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција утрово уапси еден осомничен во врска со терористичкиот напад во којшто пред седум дена во Манчестер загинаа најмалку 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во контекст на продолжувањето на истрагата за терористичкиот напад од минатата недела, кој беше извршен пред завршувањето на концертот во „Манчестер арена“, полиција утрово уапси 23-годишно момче во пристанишниот град Шорехам на море.
Во моментов, во притвор се вкупно 14 лица осомничени за вмешаност во нападот, а неколкумина уапсени по сослушувањето се пуштени на слобода.
Нападот во Манчестер го изврши бомбаш-самоубиец, 22-годишниот Салман Абеди, роден во Манчестер, а по потекло од Либија. Во нападот загинаа најмалку 22, а повредени беа 59 лица.
Паралелно со ова, британските медиуми јавуваат дека ќе биде започната истрага за начинот на кој надлежните органи ги третирале претходните граѓански пријави во кои било предупредено дека Абеди е потенцијална терористичка закана.