Bilgin S. Şaşmaz
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ЧИКАГО (АА) - Американците денес го одбележуваат националниот празник Ден на сеќавањето, во чест на загинатите американски војници. Овој празник е проследен со големи попусти во продавниците, така што повеќе од 100 милиони Американци се упатија кон трговските центри, јавува Anadolu Agency (AA).
Денот на сеќавањето, кој се празнува секој последен понеделник во мај, за првпат беше одбележан во 1868 година, три години по завршувањето на Американската граѓанска војна. На националните гробишта во Арлингтон, во близина на Вашингтон, беше положено цвеќе на гробовите на војниците убиени во граѓанската војна.
Паралелно со ова, Денот на сеќавањето како празничен ден, по празникот „Black Friday“ (Црн петок) е вториот најголем повод кога се нудат намалувања во продавниците низ САД . Со оглед на тоа што се празнува три дена, повеќето Американци ја користат шансата да отпатуваат или да одат на шопинг.

Според податоците на туристичката агенција „ААА“, од саботата до денес, на патување подалеку од 75 километри отпатувале 39 милиони Американци. Мнозинството отпатувале по копнен пат, што доведе до голем сообраќаен метеж на патиштата.
Неофицијалните процени велат дека повеќе од 100 милиони Американци посетиле некој од големите трговски центри за да ги искористат попустите.
Намалувања на цените до 70 отсто ги привлече купувачите, а трговците ја продаваа стоката и пред трговските центри.