Gülşen Topçu
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
МАРИБ (АА) - Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека бројот на африкански бегалци кои дошле во Јемен од почетокот на 2017 година, надминал 30.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на УНХЦР се наведува дека и покрај судирите во Јемен, оваа земја сѐ уште е точка за бегство и премин на бегалците.
Според ова соопштение, минатата година над 117.000 лица преминале во оваа земја пеку море, додека на почетокот од оваа година, оваа бројка изнесува 30.000.
Како што се истакнува, кога трговците со луѓе ги забележувале безбедносните сили, тие ги принудувале бегалците да скокаат во вода.
Бегалците кои доаѓаат во Јемен од африканските земји, претежно од Етиопија и Сомалија, престојуваат од 6 месеци до една година во Јемен, потоа се обидуваат да преминат во Саудиска Арабија. Некои преферираат да останат во Јемен. УНХЦР управува со голем број на кампови во Аден и Шебве, во кои престојуваат африкански бегалци.