ЊУЈОРК (АА) - Ураганите Харви, Ирма и Марија во САД предизвикаа штета и економска загуба од повеќе од 260 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Ураганот Харви, кој го погоди Тексас во август, предизвика штета на имотот во висина од 87 милијарди долари и 10 милијарди долари економска загуба, покажаа податоците на економската истражувачка компанија „Moody's Analytics“.
Ураганот Ирма, кој ја погоди Флорида на почетокот од септември, предизвика штета од 56,5 милијарди долари и 14 милијарди долари економска загуба.
Ураганот Марија го погоди Порторико и преизвика штета на имотот во висина од 55 милијарди долари, како и 40 милијарди долари економска загуба.
Вкупната сума на направена штета од трите урагани изнесува 262,5 милијарди долари – околу 1,4 отсто од бруто домашниот производ на САД минатата година, кој изнесуваше 18,5 трилиони долари.
Од друга страна, пак, метеоролошката компанија „AccuWeather“ во септември прогнозираше дека ураганите Харви и Ирма ќе предизвикаат штета од 290 милијарди долари.
Ураганот Катрина во август 2005 година ги чинеше САД 174,5 милијарди долари, а ураганот Сенди во октомври 2012 година ја чинеше економијата на САД 73 милијарди долари, покажаа податоците на „Moody's Analytics“.
- Производството на нафта значително се намали -
Сите три урагани што се случија неодамна имаа негативно влијание врз локалните економии.
Флорида и Порторико забележаа штети во туристичките и услужните сектори, а Тексас речиси ја затвори својата нафтена индустрија.
За време на ураганот Харви во Тексас, производството на нафта се намали, а повеќето од нафтените извори и рафинериите запреа со својата работа, што исто така негативно го погоди нафтениот сектор на САД.
Според американската Администрација за енергетски информации (EIA) (Energy Information Administration), производството на нафта се намали од 749.000 барели дневно, на 8,78 милиони барели дневно за неделата завршно со 1 септември.
Во наредните две недели, производството се подобри и се искачи до 9,54 милиони барели на ден за неделата завршно со 15 септември, покажаа податоците од ЕИА.
За време на ураганот Харви, сепак, околу 20 до 25 отсто од американскиот капацитет за рафинирање беше нарушен.
- Прогнозата за раст намалена -
Трите урагани исто така имаа негативно влијание на прогнозата за раст на американската економија.
Глобалната инвестициска банкарска фирма „Goldman Sachs“ (Голдман Сакс) на 9 септември соопшти дека ја намалила прогнозата за раст на економијата на САД во третиот квартал, од 2,8 на 2 отсто.
„Очекуваме значајно повлекување на клучните показатели за раст во текот на следните два месеца“ , се вели во соопштението на банкарската фирма.
Од Федералните резерви на САД велат дека не се очекува ураганите да имаат голем ефект врз американскиот економски раст на среден рок.
„Ураганите Харви, Ирма и Марија уништија многу заедници, предизвикувајќи големи тешкотии“, соопшти Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) по завршувањето на дводневниот состанок на 20 септември.
„Штетата предизвикана од бурата, како и обновата, ќе влијаат врз економската активност во блиска иднина, но претходните искуства укажуваат на тоа дека неверојатно бурите нема да влијаат материјално врз текот на националната економија на среден рок“, се вели во соопштението на ФОМЦ.
Претседателот на Федералната резервна банка на Њујорк, Вилијам Дадли, на 8 септември рече дека ураганите ќе ја зајакнат американската економија.
„Последиците од ураганите имаат тенденција да бидат краткотрајни. Долгогодишниот ефект од овие катастрофи, за жал, всушност ја крева економската активност, бидејќи мора се обноват сите работи што биле оштетени од бурите“, рече Дадли во интервју за „CNBC“ (Си-ен-би-си).
news_share_descriptionsubscription_contact
