Hajer M'tırı
14 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Француски полицаец и неговата сопруга се убиени во напад кој се случи доцна синоќа во предградие на Париз, а за време на полициската операција убиен е и напаѓачот, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот со нож усмрти полицаец кој во цивилна облека се враќал од должност, а потоа влегол во неговиот стан во квартот Магнавил и ја заробил неговата сопруга и деца
Припадниците на специјалниот одред „Raid“ ја опколија зградата и започнаа преговори со киднаперот. Преговорите не успеаа, па полицијата изврши упад во објектот и го уби напаѓачот. Напаѓачот во притоа ја уби и сопругата на полицаецот а децата се спасени.
Идентитетот на напаѓачот сè уште не е откриен, а локалните медиуми јавуваат дека станува збор за сосед кој живее во истиот кварт како и убиеиот полицаец.
Француските медиуми пренесуваат дека новинската агенција „ Amaq”, позната по блискоста со терористичката организација ДАЕШ, објави дека борец на ДАЕШ во близина на Париз во градот Ле Миро, со ладно оружје го убил заменикот шеф на полицијата и неговата сопруга.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пjeр Хенри Брандет, изјави дека во тек е истрагата која ќе ги открие деталите и мотивите на нападот.