Ekip
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) – Премиерот на Франција, Едуард Филипе, соопшти дека Владата на оваа земја ја суспендираше одлуката за воведување дополнителен данок на горивото и зголемувањето на комуналните услуги, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата се откажа и од најавените мерки кои предизвикаа масовни протести и нереди кои изминатиот викенд ескалираа со насилство на улиците на Париз.
Премиерот Филипе рече дека најавените мерки се пролонгирани за шест месеци и дека нема да бидат имплементирани во јануари наредната година.
„Ниту еден данок не е толку важен за со него да се загрозува единството на нацијата“, рече Филипе.
Повеќе од стотина луѓе се повредени и повеќе од 400 лица се уапсени во текот на саботните нереди во центарот на Париз.