Ekipa
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се сретнаа со украинскиот колега Павло Климкин, бидејќи Украина бара меѓународна поддршка во спорот со Русија во Црното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и уште 28 министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе понудат политичка поддршка на Украина, но нема да обезбедат морнаричка придружба или каква било воена помош надвор од тоа што досега е направено.
Тензиите меѓу Русија и Украина ескалираа минатата недела, кога руската погранична стража отвори оган на три украински брода на воената морнарица во близина на полуостровот Крим. Потоа Русија ги заплени пловилата и ја зароби посадата.
Во пресрет на дводневниот министерски состанок, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека сојузниците се присутни во Црното Море и дека досега внимателно ја следат ситуацијата.