Admir Fazlagic
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Коендерс, во својство на претседавач со Советот на ЕУ писмено им се обратил на лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино. Во писмото се изразува загриженост за сериозноста на состојбата во земјава, но и констатира дека не исполнети минмум условите што ги испорачаа ЕУ и САД во јануари за избори, а тоа се чист избирачки список, медиумски реформи и одвојување на партијата од државата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Можеме да потврдиме дека министерот за надворешни работи на Холандија испрати писмо до потписниците на Договорот од Пржино", потврди за АА амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Воутер Пломп.
„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од пржинскиот договор кој не смее да пропадне за дeмократската иднина на Вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“ пишува Коенденс во писмото упатено до политичките лидери во земјава.
Исто така, Коендес бара повлекување на аболицијата од страна на претседателот Иванов и да се овозможи на СЈО да ја работи својата работа.
„Да се овозможи на СЈО да ја исполни докрај својата обврска, без опструкции и пореметувања е витален дел од пржинскиот договор, но и клучно за решавање на политичката криза и враќање на довербата на граѓаните, пишува холандскиот минситер за надворешни работи.
Меѓу другото, во писмото пишува и дека доколку пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни санкции, вклучително во ЕУ интеграциите и се повикуваат лидерите итно да најдат начин за излез од кризата.