АНКАРА/МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, за време на посетата на Русија изјави дека цел на терористичкиот напад на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, е да се наштети на турско-руските односи и да се уништи напредокот постигнат во последните неколку месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред билатералниот состанок во Москва, со министерот за надворешни работи на Турција, Сергеј Лаворв, Чавушоглу положи цвеќе пред фотографијата на убиениот руски амбасадор.
Во делот на состанокот отворен за медиумите, турскиот министер уште еднаш го осуди терористичкиот напад на Карлов и изјави дека рускиот амбасадор бил дипломат кој својата должност ја извршувал во тешки услови.
„Русија во Анкара ги испраќаше своите најдобри дипломати. Ова е показател за важноста што им се придава на нашите односи“, изјави Чавушоглу и додаде дека покрај тоа што бил добар дипломат, Карлов бил и прекрасен човек.
Чавушоглу потсети на телефонските разговори меѓу претседателите и премиерите на двете земји, и изјави дека овој напад ги потресол Турција и нејзиниот народ еднакво колку и Русија и рускиот народ.
Според неговите зборови, Русија и Турција се свесни дека целта на овој напад е да се наштети на односите на двете земји, но дека тие нема тоа да го дозволат.
Чавушоглу нагласи дека Турција и Русија соработуваат на тоа да се дознае кој стои зад нападот.
„Со сигурност ќе се одговара за овој напад“, порача Чавушоглу.
Тој додаде дека Карлов ќе живее во Анкара, но и во срцата.
„Улицата во која се наоѓа амбасадата ќе го носи неговото име. Турција и Русија на целиот свет му покажаа колку успеаја во последно време, а не само на својот народ. Ќе ја продолжиме оваа соработка за да најдеме политичко решение во Сирија, но и на другите полиња. И во овие тешки моменти, важно е да сме заедно“, порача Чавушоглу.
Рускиот министер Лавров изјави дека Карлов вчера е убиен во предавнички терористички напад.
Тој истакна дека се состануваат на тежок ден, и се заблагодари на турската страна поради покажаниот интерес од првиот момент, но и за пораките на сочувство.
Лавров смета дека во најкраток рок треба е да се расветли овој терористички напад.
„Затоа ќе се истражува заеднички, како што лидерите на двете земји се договорија. Руската делегација пристигна во Анкара. Со истиот авион ќе бидат донесени телото на Карлов и неговото семејство“, нагласи Лавров.
Според неговите зборови, оваа трагедија води кон поефикасна борба против меѓународниот тероризам.
„Тоа дополнително ја зголемува важноста на денешниот состанок. Се надевам дека на денешните состаноци ќе постигнеме договори што ќе придонесат да се постигне политичко решение, да се достави хуманитарна помош и да се реши ситуацијата во Сирија“, изјави Лавров.
news_share_descriptionsubscription_contact
