Ekipa
15 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција води искрен дијалог со Франција, додавајќи оти се надева дека и со Германија ќе имаат ист однос како и порано, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сега ќе завршат и изборите во Германија, а потоа ќе преовлада здравиот разум. Со Германија повторно ќе имаме ист однос“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата, одржана по состанокот со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриен во Анкара.
Тој напомена дека на состанокот со својот француски колега станало збор и за прашања од областа на економијата, енергетиката и за зголемувањето на меѓусебните инвестиции.
Осврнувајќи се на референдумот за независност, кој властите на Курдската регионална управа во северен Ирак го најавија за 25 септември, а Парламентот и Владата на Ирак го забранија, Чавушоглу истакна дека светската јавност од Турција ги очекува сите можни форми на дејствување.
„Американците како и други земји велат: 'Вие сте соседи, имате и моќ'. Турција нема да се воздржува од употреба на сила доколку биде потребно“, рече Чавушоглу.
На прашањето за односите на Турција со Европската Унија (ЕУ) тој истакна дека Турција секогаш изразувала поддршка кон критериумите на Унијата.
„Ние секогаш сме искажувале почитување кон критериумите на ЕУ, но во тие критериуми не треба да има двојни стандарди. Кога ЕУ прави нешто, земјите-членки на Унијата велат 'ние сме членки, а вие сте кандидат. Вие не може да работите вака'. Е, не може тоа така. Второ, ние никогаш до денес не сме имале никакво неоправдано барање од ЕУ. Никогаш не сме барале нешто што не го заслужуваме“, рече турскиот шеф на дипломатијата.
Тој нагласи дека Турција нема никакви проблеми со земјите-членки на ЕУ и со европскиот континент.
„Злото во Европа е и наше зло. Стабилноста на Европа е и наша стабилнот и безбедност“, порача Чавиушоглу, додавајќи дека Турција не сака да има проблеми со Европа.
„Ние сме земја која не сака проблеми со Европа. Не сме ниту земја и народ кои ќе се потчини пред наметнувањата и двојните стандарди. Тоа се обидуваме да ѝ го објасниме на Европа. Вие конечно мора да го промените вашиот однос кон нас. Сè додека не нè гледате како рамноправен партнер, невозможно е да се воспостават здрави односи во поглед на стандардите и другите прашања. Во Турција веќе нема поддршка вашиот поранешен став кој гласеше: Што ѝ да побараме, Турција ќе изврши. Оваа практика Европа мора да ја примени кон сите земји, вклучувајќи ја и Русија. Мора малку да го промени својот менталитет", рече Чавушоглу.
Ле Дриан во обарќањето пред новинарите изјави дека Франција и Турција водат дијалог во многу области.
„Имаме искрен, бескомпромисен и конструктивен дијалог, и, секако, преданоста е од најголемо значење во рамките на тој дијалог“, рече Ле Дриан.
На крајот тој истакна дека двете земји имаат одлични односи и на полето на борбата против тероризмот.
„Имаме добра соработка со турските сили во борбата против ДЕАШ“, нагласи францускиот шеф на дипломатијата.