Betül Yürük
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
РИМ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу во изјава за новинарите за време на денешната Конференција за Либија, одржана во главниот град на Италија, рече дека Турција не сака да ги подига тензиите во односите со Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето за денешниот настан во водите на Егејското море во кое учествуваа рускиот воен брод и турскиот рибарски брод, Чавушоглу рече дека неговата земја за тоа официјално ќе се огласи дури откако ќе биде обавен разговорот со рибарот од бродот и откако ќе бидат прибавени сите потребни информации.
"Го видовме руското соопштение. Иденификуван е тој рибарски брод. И откако ќе разговараме со рибарот на бродот и ќе ги добиеме сите потребни информации, ќе дадеме соопштение. Но, секогаш тоа го повторуваме, ние не сакаме тензии. Ние заговараме надминување на тензиите со дијалог. Чекорите кои ги преземавме после настанот на 24 ноември секогаш беа во таа насока. Сите ја пофалија Турција поради тоа што постапува зрело и трпеливо и што не сака раст на тензиите. Поради тоа ќе објавиме соопштение откако ќе го сослушаме рибарот за тоа што навистина се случило“ , рече Чавушоглу.
Руското министерство за одбрана објави соопштение во кое тврди дека, наводно, рускиот воен брод бил “приморан“ да употреби “огнено оружје со цел спречување судир“ со турскиот рибарски брод во Егејско море. Во соопштениео се тврди дека после тоа турскиот рибарски брод “веднаш го сменил курсот“ и “ ја продолжил пловидбата“ .