Atila Altuntaş
03 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
СТОКХОЛМ (АА) - АТИЛА АЛТУНТАШ - Дивана Леврини, една од активистите кои беше приведена по интервенцијата на Израел врз бродот „Ал Авда“, истакна дека таму можеле да умрат, и ддека во ќелија биле изложени на тортура, јавува Anadolu Agency (AA).
Активистите од Шведска, Чарли Андреасон и Леврини кои пред четири години беа приведени од страна на Израел додека се обидувале да ја пробијат блокадата во Газа, се вратија во нивните земји.
Овие активисти кои слетаа во шведскиот главен град, Стокхолм, беа пречекани со цвеќе од страна на еврејскиот активист од Шведска, Дрор Феилер.
- „Во ќелија бевме изложени на тортура“
Леврини која беше приведена по интервенцијата на Израел врз активистите во бродот на Флотилата за слобода, во разговор за Anadolu Agency (AA) го раскажа она што го преживеела.
Таа нагласи дека на 15 мај од Норвешка и Шведска тргнале со четири бродови со цел да ја пробијат блокадата во Газа.
„Голем број гумени чамци во кои се наоѓаа израелски војници интервенираа врз нашиот брод додека бевме во меѓународни води. И покрај тоа што неколку пати ги известивме дека сме во меѓународни води, тие се качија на нашиот брод и продолжија со интервенција“, рече Леврини, додавајќи дека активистите во бројот можеле да ги загубат своите животи.
„Удираа по главата, грбот, вратот, рацете и нозете на Чарли Андреасон. На еден друг активист му крвареше вратот, а некои активисти од горниот, ги фрлаа на долниот кат. Тие беа среќни што не им се скрши вратот. Ние можевме да починеме таму. Некој од лицата во бродот можеше да почине. Во ќелија бевме изложени на тортура“, нагласи таа.
Леврини рече дека четири дена во ќелија биле изложени на тортура.
„Не ни дозволија да спиеме во ќелијата. Чуварите секој час по два пати доаѓаа кај нашата ќелија и не присилија да станеме. Потоа удирајќи по нашата врата ни вршеа психолошка тортура. Моментално сум во многу лоша психолошка состојба. Не ми дозволија да ги пијам лековите. Кога се обида да ја преземат контролата на бродот, ме удрија по глава, а на капетанот на бродот му се заканија со смрт“, додаде Леврини.
- „Израелските војници ни украдоа голем број работи“
Шведскиот активист Адреасон, кој се наоѓал во бродот и бил приведен четири дена од страна на израелските војници, нагласи дека израелските војници им ги украле нивните ствари, и дека им се заканувале со смрт.
„Израелските ни ги украдоа бројни работи, телефони и кредитни картички. По интервенцијата врз бродот, ни рекоа да ги собереме куферите. Им пренесовме на израелските војници дека бројни ствари ги немаме, и дека тие се украдени, а тие ни ставија лисици на нашите раце и нозе и не приведоја, потоа не ставија во ќелија“, додаде тој.
Анреасон рече дека биле изложени на тортура, но не толку што се изложени Палестинците. „Интервенираа врз мне со електричен пиштол. Ниту еден од нас не загина, но бевме изложени на многу остра интервенција“, истакна Андреасон, додавајќи дека не жали за било што.
„Иако нашата хуманитарна помош не пристигнаа до Палестинците, успеавме да го пренесеме нивниот глас. Случајот ќе го носиме до суд. По судските процеси, ќе продолжиме да и даваме поддршка на Палестинците“, додаде тој.
Еврејскиот активист од Шведска, Феилер, кој ги пречека двајцата активисти кои биле приведени од страна на Израел,истакна дека ќе продолжат со напорите за пробивање на блокадата на Израел врз Газа.
„Ние како активисти на Здружението „Ship To Gazza“ ќе продолжиме со напорите за ставање крај на оваа блокада“, нагласи Феилер.