Admir Fazlagic
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно одлучи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и 21 коалициски парнтер да го добијат редниот број 1 на гласачкото ливче за престојните парламентарни избори кои е предвидено да се одржат за 5 јуни, потврди за Аnadolu Аgency (AA) членот на ДИК, Субхи Јакупи.
„Единствената кандидатска листа потврдена од ДИК е листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека кандидатските листи на Надоротно движене за Македонија (НДМ) се отфрлени поради неправилности, а кандидатските листи на Социјал-демократската партија на Македонија (СДМП) оваа партија ги повлече пред да бидат разгледани", изјави Јакупи во разговор за АА.
Според ДИК, бесплредметна е и ждрепката за распределба на локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди, по што сите членови на ДИК гласаа за, односно потврдија да нема жрепка.
Јакупи изјавува дека „на денешната седница под точка разно била покрената иницијатива за дискусија за која би требало да се разговара и во наредните денови околу уставноста и законите во политички плурализам да се одржат избори само со со една листа, што е прифатено дека ќе се разгледува", додавајќи дека сеуште останува неизвесно дали ќе се одржат избори на 5 јуни, за што понатаму би било потребно да биде свикано Собранието на Република Македонија.
Кандидатски листи до ДИК не поднесоа опозициската СДСМ, ДУИ, ниту ДПА, кои се трите од четирите најголеми политички партии во земјата.