Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ТОКИО (АА) - Јапонија работи на распоредувањето на противракетниот систем PAC-3 во западниот дел на земјата, доколку севернокорејски проектили на пат кон пацифичкиот остров Гуам го нарушат јапонскиот воздушен простор, потврди вчера министерот за одбрана, Итсунори Онодера, пренесува Anadolu agency (AA).
Онодера не даде објаснување за тоа дали Јапонија ќе се обиде да сруши севернокорејски проектил.
Неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја ќе се соочи со оган и бес поради тестирањето на нуклеарно оружје. Кратко потоа, Северна Кореја објави детален план за напад на островот Гуам со четири балистички ракети со среден дострел.
На Гуам се наоѓаат две големи бази со околу 5.000 американски војници. Во една од нив, базата на американското воздухопловство „Андерсон“, се наоѓаат бомбардери со долг дострел кои редовно летаат кон Јужна Кореја кога Пјонгјанг лансира ракета или тестира оружје.
Последен пат Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија во 1998 година, кога изведе неуспешно лансирање на сателит, кој се урна во северниот дел на Пацификот. Токио тогаш ги мобилизираше PAC-3 батериите, но не пукаше, бидејќи тоа беше незаконски според јапонскиот пацифистички устав.
Меѓутоа, тоа се смени во 2012 година, кога Владата го одобри новото толкување со коешто е овозможена колективна одбрана, или со цел помагање на сојузниците, што би вклучило помош во одбраната на сојузничките бази на островот Гуам.