Sertaç Bulur
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, рано утринава во Анкара истакна дека не е тајна тоа што Ерменија ја отвора вратата на одредени терористички организации кои работат против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целиот свет знае дека Ерменија низ историјата правела неприфатливи потези сè со цел вознемирување и поттикнување на одреден вид судири. Во историјата неретко работеа против нашата земја, што некои од нашите дипломати ги чинеше живот. Денес прикриено ја отвораат вратата на терористичките организации, тоа не е тајна”, рече Јилдирим на аеродромот Есенбога во Анкара пред заминувањето во Азербејџан каде што денес ќе престојува во службена посета.
Коментирајќи ја вчерашната одлука на германскиот парламент со кој е усвоена резолуцијата за ерменските наводи за случувањата во 1915 година, Јилдирим рече дека Турција ќе ја преиспита позадината на таа одлука, а потоа и ќе одговори.
„Турција и Германија се важни сојузници. Не може никој да очекува целосен колапс на нашите односи, но нема да останеме ниту неми на она што е направено. Тоа ја потврдува и заедничката одлука на трите парламентарни партии”, рече Јилдирим.