Betül Yürük
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим во своето обраќање во Њујорк рече дека Турција отсекогаш се обидувала да се спротивстави на неправдата во светот и да обезбеди помош за сите обесправени, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мислам дека пријателството изразено од Турција отсекогаш било важно и корисно за сите наши сојузници. Како што рече основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк: 'Мир дома, мир во светот'. Врз основа на овој принцип, ние се спротивставуваме на сите неправди, ние им помагаме на сите угнетени, ние плаќаме голема цена во името на човештвото за да придонесеме за регионален и глобален мир, им ги отстапуваме нашите домови на милиони луѓе кои се протерани од нивните огништа и со нив го делиме лебот што го имаме. Оние кои нè осудуваат прво нека погледнат во она што го направија, а што не, тогаш нека несат судот", рече Јилдирим.