АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Јордан во Анкара ја поздрави 70-годишните добри односи на неговата земја со Турската Република, опишувајќи ја како "истакнат и солиден модел во државните односи", во однос на меѓусебната соработка меѓу двете земји во повеќе области, особено во економијата и политиката.
Во ексклузивно интервју со Anadolu Agency, јорданскиот амбасадор Амџад Ал Aдаилех, исто така го пофали, турскиот модел во примањето милиони бегалци од Сирија и ја повика меѓународната заедница да ги исполни своите обврски во поддршка на Турција и Јордан, кои се домаќини на околу 1,4 милиони бегалци.
Интервјуто ја одбележа 70-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Турција и Хашемитското Кралство Јордан, кои датираат од 1947 година.
„Јорданско-турските односи во изминатите 70 години беа модел за добро воспоставени, длабоки и силни односи“, рече Ал-Aдаилех.
„Односите меѓу двете земји беа воспоставени на темелите на доверба и меѓусебно почитување, исто како што и се развиваа како резултат на мудрото Хашемитско (јорданско) и турско лидерство од основачот на модерна Турција, починатиот претседател Мустафа Кемал Ататурк“, додаде тој.
Јорданскиот амбасадор додаде: „Основачот на кралството, кралот Абдула бин Ал Хусеин, ја посети Турција во 1937 година и одржа историски состанок со основачот на Турската Република, Ататурк".
Тој рече дека првото дипломатско претставништво на неговата земја во Анкара било отворено на 15 јануари 1947 година, пред да биде подигнато на амбасадорско ниво во 1955 година.
- Широко-опсежнитe односи на Турција и Јордан -
Во однос на полето на меѓусебната соработка меѓу Турција и Јордан, Ал-Aдаилех рече дека односите на неговата земја со Анкара ги опфаќа сите сфери на економијата, политиката и културата, објаснувајќи дека: „Двете земји работат континуирано на одржување на своите консултации и координација со цел соочување со тековните предизвици кои произлегуваат од конфликтите во регионот“.
Во тој поглед, јорданскиот амбасадор посочи дека Анкара и Аман ќе ги поддржат регионалните и меѓународните напори за изнаоѓање политичко решение за моменталните регионални кризи, особено во Сирија, која според Ал Aдаилех, има директно влијание врз двете земји, бидејќи „само Јордан,Турција и Либан го носат товарот од сириската криза во однос на примањето милиони бегалци и исполнување на нивните потреби“.
Осврнувајќи се на трговската соработка меѓу Турција и Јордан, Ал-Aдаилех истакна: „Обемот на билатералната трговија се удвостручи, особено по укинувањето на визите меѓу двете земји, и се приближи до 1 милијарда долари во 2015 година, за разлика од само 150 милиони во 2010 година".
„Аман понуди воспоставување посебна слободна зона за турските индустрии на подрачјето на Акаба - во јужниот дел на земјата - да инвестира и да извезува оттаму на пазарите во Персискиот Залив и африканските земји, и да ги искористат можностите кои ги нуди јорданската економија".
Јорданскиот дипломат додаде дека двете земји заеднички работат кон отворање на поморска трговинска рута помеѓу пристаништето Акаба, во истоимениот залив, и турските пристаништа, со цел да ги заобиколат рутите низ Сирија, кои се отсечени од почетокот на кризата во 2011 година.
Ал-Aдаилех рече дека се очекува наскоро јорданскиот премиер Хани ал-Mулки официјално да ја посети Турција при што ќе се сретне со неговиот турски колега Бинали Јилдирим, со цел да разговараат за многу економски и политички прашања и за отворање на нови можности за соработка во различни области.
За межусебната безбедносна соработка против тероризмот, Ал-Aдаилех рече: „Аман и Анкара имаат голема координација во безбедносниот сектор, против терористичките групи кои за цел зедоа многу муслимански заедници, со цел да му се спротивставиме со ова зло што му се заканува на нашите општества".
Јорданскиот амбасадор ја пофали Турција за посредувањето во прекинот на огнот во Сирија, како и за подготовките за мировната конференција во Астана, кон крајот на овој месец.
„Јордан ги поддржува сите искрени меѓународни напори кои можат да придонесат за ставање крај на страдањето на Сиријците, бидејќи ние во Јордан веруваме дека кризата може да се реши само преку интегриран политички процес во кој сите претставници на сириските компоненти ќе учествуваат и ќе се договорат", рече Ал-Aдаилех.
Тој продолжи: „Секое решение во однос на сириската криза мора да го земе в обзир единството на сирискиот народ и интегритетот на сириската територија, и да биде во можност да ја врати солидарноста и меѓусебната зависност на сите сириски компоненти; да воспостави модерна демократска држава со цел враќање на статусот и улогата на земјата во регионот".
Јорданскиот амбасадор изрази надеж дека турските и руските напори ќе успеат да ги соберат сирискиот режим и опозицијата на иста маса во Астана, и ќе помогнат да се најде сеопфатно решение за кризата со цел да се стави крај на сите форми на насилство и конфликти во земјата, и враќање на сириските бегалци во својата татковина.
- Влијанието на сириските бегалци -
„Бројот на бегалци во Јордан достигна 1,4 милион. Ова е една петтина од населението на Јордан. Јордан користи една четвртина од буџетот за трошоците за сместување, здравство и образование на бегалците. Околу 90 проценти од бегалците живеат надвор од камповите. Сумата која Владата досега ја потроши на заштита на бегалците достигна осум милијарди долари. Во овој временски период помошта што Јордан ја доби не надминува 35 проценти од износот што го потроши", рече јорданскиот амбасадор.
Тој ја повика меѓународната заедница да ги исполни своите обврски за поддршка на Јордан и Турција, особено ветувањата дадени од страна на многу земји, на конференцијата во Лондон минатиот февруари, за поддршка на земјите кои прифатиле бегалци, и понудија помош за нив од околу 10 милијарди долари.
Ал-Адаилех го пофали турското искуство во примањето на сириските бегалци, опишувајќи го како светол пример.
Воедно тој смета дека е потребно да се најде долгорочно решение за мигрантската криза во Сирија, која се очекува да продолжи и во следните неколку години.
„Турција има примено околу две и пол милиони сириски бегалци, и го исполнува поголемиот дел од трошоците сама, даде позитивна, прекрасна слика на хуманост во грижата за нашите сириски браќа кои страдаат како резултат на крвавите судири кои избија пред пет години“.
- Палестина и арапската соработка -Адаилех истакна дека „Јордан нема да ги штеди напорите за да соработува со нашите браќа и пријатели во регионот во одбивање на секој обид кој може да влијае на статусот на Ерусалим и на неговиот арапски и исламски идентитет, врз основа на нашите религиозни должности кон грижата за светите места таму преку дипломатските и политички рамки како и преку меѓународните односи на кралството“.
Самитот што треба да се одржи во Аман на 29 март, ќе биде „можност за зајакнување на заедничката арапска деловна соработка“, рече амбасадорот, „како и за разговори во однос на различни прашања и решенија што се однесуваат на арапскиот свет", истакна јорданскиот амбасадор кој додаде дека се надева оти овој самит ќе биде пресвртница кога станува збор за соработката, крај на несогласувањето, за постигнување единство и друго.
За турско-арапските односи, Ал-Aаилех рече: „Овие односи имаат длабоки историски корени поради заедничките верски и културни идеи, а регионот треба да воспостави интегриран регионален систем со стратешка соработка во областа на економијата и безбедноста, за постигнување мир, како и за борбата против тероризмот“.
„Турција знае дека нејзините економски и безбедносни интереси во моментов може да ги постигне само со интензивирање на соработката со Арапите во рамките на заедничките интереси и заемно разбирање“, истакна Ал Aдаилех.
news_share_descriptionsubscription_contact
