Ercan Canbolat
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Основачот и директор на јапонскската телекомуникациска и интернет-компанија „Софтбанк“, Масајоши Сон тврди дека во следните три децении, бројот на роботите во светот ќе ја надмине популацијата на луѓе и дека роботите ќе биде попаметни од луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
„За 30 години, чиповите што ќе ги носиме во ѓоновите од чевлите ќе бидат попаметни од нашиот ум. Ние ќе ги газиме тие чипови, но ќе бидеме инфериорни во однос на нив“, рече Сон во обраќањето пред учесниците на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.
Сон истакна дека просечната интелигенција на човекот (IQ) е околу 100, а дека големите умови како Алберт Ајнштајн или Леонардо да Винчи имале IQ и до 200, како и дека роботите ќе бидат многу поинтелигентни и ќе имаат коефициент на интелигенција до 10.000.
„Тоа ќе биде раѓање на суперинтелигенцијата, и тоа навистина ќе се случи. Ако не ги користиме и не ги контролираме правилно, тоа ќе биде ризично за нас“, рече Сон.