Elena Teslova
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
МОСКВА (АА) - Дводневниот саем на роботи и роботика во Москва "Роботика Експо 2015", каде што посетителите можат да видат роботи како предавачи, администратори и терапевти, завршува денес.
Еден од организаторите на саемот, Јевгенија Клепа за Anadolu Agency (АА) изјави дека развитокот на технологијата во голема мера е олеснато со изработката на роботите. Тој верува дека роботите наскоро ќе бидат многу функционални и дека и тие како и компјутерите ќе станат неопходен дел од секојдневниот живот.
"Оваа година, како што беше случај и порано, оставивме многу простор за роботи се користат во областа на образованието, министерството и извршувањето на домашните обврски. Овие роботи не го привлекуваат вниманието само на граѓаните, туку и на деловните луѓе од целиот свет. На саемот имаме изложено и беспилотни летала. Различни роботи се користат во земјоделството, воениот и индустриски сектор", појасни Клепа посочувајќи дека ова е трет пат како се одржува саемот.
Посетителите најмногу внимание му посветуваат на роботот на студентите на Техничкиот институт во Москва, кој "работи" како заменик шеф на одделот во институтот. Како "плата" добива наполнета батерија. Овој тип на робот се користи во образовниот сектор, а од јавноста беше многу добро прифатен, сметаат студентите.