Emre Aytekin
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Електричен автомобил Модел 3, од семејството Тесла Моторс, во рекордно време го премина целиот американски континент, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник „The Drive“ објави дека сопственикот на електричниот автомобил на четири тркала Даниел Розел, заедно со уредникот на весникот, Алекс Рој, пристигнале од Лос Анџелес во Њујорк за 50 часа, 16 минути и 32 секунди.
Двајцата тргнале со Моделот 3 од плажата Редондо, на брегот од Тихиот Океан на 28 декември, а на брегот на Атлантскиот Океан во Њујорк пристигнаа за два дена.
На тој начин беше постигната рекордна брзина на електричниот автомобил за премин од едниот на другиот крај на Северна Америка.
Претходниот рекорд го држеше, исто така, моделот на Тесла С, во чиј тим повторно Алекс Рој.