Emre Aytekin
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
АНКАРА (АА) - Американската технолошка компанија „Оракл“, ја доби жалбата во судскиот спор поднесена против „Гугл“, која го користи програмскиот јазик Јава во изработката на оперативниот систем Андроид, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералниот суд за жалби во Вашингтон, вчера донесе одлука, според која „Гугл“ треба материјално да ја обештети „Оракл“ поради користењето на интерфејсот на програмскиот јазик Јава, изработен од „Оракл“.
Сојузниот апелационен суд во Вашингтон вчера донесе одлука со која користењето на програмскиот јазик Jaвa на „Оракл“ во изработката на оперативниот систем Андроид на „Гугл“ ги прекршува авторските права на компанијата.
По жалбата на „Оракл“, Апелацискиот суд донесе спротивна одлука на претходната, донесена од Федералниот суд која беше во корист на „Гугл“, пресудувајќи „Гугл“ да ѝ плати обештетување на „Оракл“. Случајот ќе се врати во Федералниот суд, каде што ќе се одлучува за висината на обештетувањето.
„Оракл“ како заштита на авторските права, од „Гугл“ побарува обештетување во висина од 9 милијарди долари.
Поротата на Федералниот суд во Сан Франциско во 2016 година донесе одлука, според која „Гугл“ нема потреба на „Оракл“ да ѝ плати обештетување. Тогаш судот сметаше дека во изработката на оперативниот систем Андроид, „Гугл“ го користел програмскиот јазик Јава во дозволени правни рамки (fair-use doctrine), кои дозволуваат во посебни околности, бесплатно користење на содржините заштитени со авторски права.