Kasım İleri
12 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Британскиот бизнисмен Ричард Бренсон патуваше на надморска височина од 100 километри од земјата, што се смета за точка каде што започнува вселената, со вселенското летало развиено од неговата компанија „Вирџин галактик“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бренсон е третата личност која започна да лета во вселената, по сопственикот на „Спејс екс“, Eлон Маск, и основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Вселенското летало „Јунити-2“, развиено од компанијата на Бренсон, „Вирџин галактик“, во кое се наоѓаа 6 лица, вклучително и Бренсон, утрово беше лансирано од американската сојузна држава Ново Мексико.
Во соопштението од „Вирџин галактик“ се наведува дека вселенското летало достигнало висина од околу 100 километри, од каде што започнува вселената.
Во изјавата, во која се наведува дека патувањето траело 90 минути, се додава дека вселенското летало „Јунити-2“ слетало на Земјата во Ново Мексико во 12:00 часот по локално време со бизнисменот Бренсон и неговите придружници без никакви проблеми.