Said İbicioğlu
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
КАИРО (АА) - Во близина на египетскиот град Сохаг е пронајдена фараонска гробница и населби, коишто се претпоставува дека датираат од 3100. години пред новата ера, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмуд Афифи, директор на секторот за древна египетска археологија на египетското Министерство за антиквитети, изјави дека за време на археолошките ископувања на подрачјето на античкиот град Абидос во Сохаг, 400 метри јужно од гробницата на фараоните од претходниот период на кралот Собекхотеп I, пронашле нова фараонска гробница.
Афифи појасни дека е утврдено оти станува збор за гробница од 3100. година пред новата ера, а на подрачјето за кое се претпоставува дека некогаш било место каде што живееле работниците што работеле на изградбата на гробницата на првиот крал, пронајдени се и предмети користени во секојдневна употреба.
Тој нагласи дека новооткриените факти би можеле да дадат уште информации за египетската историја во античкиот град Абидос.
Абидос е еден од најпознатите археолошки локалитети, користен како гробница уште од предисториските времиња. На подрачјето на овој град постојат илјадници гробници со различна старост.