Muhammet Nusret Altun
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во последните 250 години во природата исчезнале 571 вид растенија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), научниците од Универзитетот „Стокхолм“ и истражувачи од Кралската ботаничка градина на Велика Британија откриле дека во последните 250 години во природата исчезнале 571 вид растенија.
Д-р Ејлис Хамфрајс од Универзитетот „Стокхолм“ нагласи дека преку оваа студија за првпат е истражувано кои видови растенија во регионот исчезнале.
Меѓу другото, д-р Еимер Ник Лугада рече дека исчезнувањето на растенијата претставува опасност за сите животни форми.
„Живите битија, вклучувајќи ги и луѓето, имаат потреба од растенија за да живеат. Доколку ние знаеме кое растение во кое место исчезнува, можеме да формираме програми за заштита во кои можеме да ги вклучиме и другите организми“, додаде Лугада.
Според извештајот објавен во мај од страна на Обединетите нации (ОН), околу еден милион видови животни форми се соочуваат со опасност од исчезнување.