Hussameldin Abdelgadir Salih Mohamed,Muhammed Semiz
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
РИЈАД (АА) - На северозападот на Саудиска Арабија пронајдени се фосили од морски суштества кои датираат од пред 80 милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Геолошкиот институт на Саудиска Арабија издаде писмено соопштение во кое се осврна на остатоците откриени во градовите Дуба и Умлуџ.
Во соопштението е забележано дека како резултат на работата на експертска делегација во регионот, откриени се остатоци од изумрени морски суштества кои датираат од пред 80 милиони години.
Тарик Еба ал Калил, портпарол на Саудискиот геолошки институт, истакна дека во рамките на истражувањето, покрај различни видови фосили од ’рбетници и безрбетници, пронајдени се и остатоци од растенија кои живеат во плитки и крајбрежни морски средини, а датираат од периодите креда и миоцен.
Во рамките на „Визија 2030“, Саудискиот геолошки завод врши геолошки истражувања на брегот на Црвеното Море со цел да го заштити геолошкото и историското наследство во Саудиска Арабија.