Emel Öz Gözellik
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Астрономите ги пресметаа честичките на светлината во универзумот, емитирани од ѕвездите досега, пренесува Anadolu Agency (AA).
Астрономите, според резултатите од нивната студија, заклучија дека во универзумот, од ѕвездите и галаксиите досега се емитирани 4 и 84 нули (4 трилиони трилиони трилиони трилиони трилиони трилиони) светлосни честички, поточно фотони.
„Честичките на светлината што се емитираат од сите ѕвезди се сѐ уште со нас. Тие честички што доаѓаат од ѕвездите во универзумот создаваат море од фотони“, истакна Марко Ајело, астрофизичар на Универзитетот „Клемсон“ и предводник на истражувачката екипа.
Ајело нагласи дека универзумот е стар 13,7 милијарди години, додека формирањето на ѕвездените формации во универзумот започнало пред 10 милијарди години и продолжуваат и до денешен ден.
Наодите од студијата се објавени во списанието „Сајанс“ (Science).