Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Астрономите, користејќи ги вселенските и земјините телескопи за само 3 месеци открија повеќе од 100 планети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Сајанс дејли“ (Science Daily), меѓународен тим од Астробилошкиот центар на Универзитетот во Токио и Националниот институт за природни науки, користејќи ги вселенските и земјините телескопи во рок од 3 месеци открија 104 планети. Во текот на студиите астрономите испитаа 227 кандидати за планети.
Потврдено е дека 104 од нив навистина се други планети.
Се забележува дека 7 од другите планети имаат кратки орбитални ротации кои трајат помалку од 24 часа. Од друга страна, останува нејасен процесот на формирање на планетите, чие орбитирање завршува за краток период.
Помеѓу другите планети откриени од страна на астрономите има планети со мала карпеста маса, планети со двапати поголема маса од земјината и планети кои припаѓаат на планетарниот систем.