Emre Aytekin
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена – НАСА, меѓу глинените слоеви од астероидот Бену откри остатоци од вода, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави НАСА се истакнува дека вселенското летало „Озирис-Рекс“, меѓу глинените слоеви од астероидот Бену со дијаметар од 500 метри, открил молекули на вода.
Откривањето на молекулите именувани како „Хидроксил“, кои се составени од меѓусебно поврзани атоми на кислород и хидроген, посочуваат на фактот дека некогаш имало вода на небеско тело на кое му припаѓал астероидот.
- Вселенското летало до Бену стигна по двегодишно патување -
По двегодишно патување, вселенското летало „Озирис-Рекс“ пристигна до астероидот Бену во појасот Аполо.
За да стигне до астероидот Бену, вселенското летало измина пат од 2 милијарди километри, со цел од астероидот да земе примероци.
НАСА очекува со примероците што вселенското летало ќе ги собере од астероидот да отвори нови хоризонти околу настанувањето на Сончевиот систем.
Според програмата на НАСА, вселенското летало „Озирис-Рекс“ би требало да се врати на Земјата во септември 2023 година.