Amina Zorniç
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Медицинското списание „Нова Ангија” (New England Journal of Medicine) во своето ново истражување објави дека долготрајното гледање во смартфон за време на ноќта може да доведе до краткотрајно слепило, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците го заклучија тоа откако направија истражување на две жени на возраст од 22 и 40 години кои поради гледање во смартфон во текот на ноќта со месеци имаат краткотрајни слепила
Двете жени побарале помош од лекар за време на привременото губење на вид во траење од 15 минути. Иако биле изложени на медицински проверки, МРИ скенирање и тестови на срце, лекарите не успеале да дојдат до објаснување за проблемот со нивниот вид.
Мистеријата се реши кога пациентите се подложиле на третман на офтамолог.
„Едноставно ги прашав што точно правевте во моментот кога ви се јави слепилото”, рече докторот Гордон Плант од очната клиника во Лондон.
Според неговите зборови, двете пациентки своите самртфони ги посматрале со едното око, во темнина, додека другото око им било потпрено на перница на која лежеле.
„Значи, имама едно око адаптирано на светлина, кое гледа во телефон, додека другото е прилагодено на темнина. Во моментот кога го оставиле телефонот, не можеле да видат со окото со кое гледале во смартфонот бидејќи на него му треба неколку минути да се прилагоди со другото око кое било навикнато на темнина. Треба да се обрати внимание на вакви работи ” , објасни Плант.