Büşra Selvi Öğütcen
26 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Во Мексико е откриен фосил на мамут стар околу 14.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат британските медиуми, мексиканските научници кои ги открија фосилите во декември во близина на местото Тулпек, рекоа дека остатоците му припаѓаат на периодот од пред 14.000 години.
Научниците кои пронајдоа одвоени делови од мамут, сметаат дека животното е убиено од луѓе поради неговото месо и крзно. Дел од остатоците на мамутот се пронајдени на подрачјето каде што некогаш имало езеро. Археологот Луис Кордоба од Националниот институт за археологија и историја истакна дека во близина на главниот град на Мексико пронашле остатоци од над 50 мамути.
Се претпоставува дека остатоците припаѓаат на мамут стар меѓу 20 и 25 години. Се очекува овие остатоци да бидат собрани на едно место и изложени.