Ata Ufuk Şeker
19 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската вселенска агенција (ЕСА) во партнерство со Јапонската агенција за вселенски истражувања (ЈАКСА), како дел од мисијата „БепиКоломбо“ соопшти дека на 20 октомври, од Француска Гвајана ќе биде лансирана ракетата „Ариан 5“, јавува Anadolu Agency (AA).
Мисијата која има буџет од приближно 1,6 милијарди евра, има за цел да добие детални информации за планетата Меркур и да обезбеди податоци за Сончевиот систем кои не можат да се добијат со набљудувања од светот.
Се очекува ракетата до планетета Меркур да стигне по седум години.
Од друга страна, вселенските научници пак, велат дека е многу тешко да се испрати вселенско летало на Меркур поради неговата близина со Сонцето, затоа напоменуваат дека мисијата „БепиКоломбо“ е еден од најтешките проекти.