Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индиското беспилотно вселенско летало „Чандрајан-2“ (Chandrayaan-2) почна да ротира во орбитата на Месечината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Организацијата за вселенски истражувања на Индија (ISRO) соопшти дека во орбитата на Месечината успеале да го стават „Чандрајан-2“, кој речиси пред еден месец ја напушти Земјата.
Се вели дека „Чандрајан-2“ ќе продолжи да ротира околу Месечината сè додека да достигне близина од 100 километри до површината на Месечината.
Откако ќе се доближи до саканото растојание, се планира роверот на „Чандрајан-2“ на 7 септември да биде спуштен меѓу два кратера во Јужниот Пол на Месечината.
Се очекува роверот да ги истражува овие кратери, каде што се претпоставува дека постојат 100 милиони тони вода.