Ahmet Gürhan Kartal
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
ЛОНДОН
Испитувањата на вакцината против Ковид-19 кај доброволци на Универзитетот „Оксфорд“ покажаа позитивни резултати и би можеле да бидат завршени веќе во октомври доколку сѐ биде како што треба, тврдат научниците кои работат на тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оксфордските научници веруваат дека постигнале напредок во потрагата по вакцина против Ковид-19. Испитувањата кај луѓето покажале ветувачки резултати. Тимот откри дека вакцината би можела да пружи двојна заштита против вирусот.
Според извештајот, првите испитувања на оксфордската вакцина кај луѓето, во првата фаза покажале дека таа создава имунолошки одговор на болеста.