Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Истражување во Чиле покажа дека свирењето на инструменти може да даде придонес во меморијата и креативноста кај децата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на истражувањето, 40 деца на возраст од 10 до 13 години беа изложени на краткорочни тестови за меморија и концентрација. Наодите на ова истражување се објавени во списанието „Frontiers in Neuroscience“.
Дваесет од овие деца свиреле на инструменти, најмалку две години добивале обука, вежбале минимум два часа неделно и на редовни интервали свиреле во оркестар или во хор, додека останатите 20 деца, освен во училиште, не добиле обука за музика.
Кај децата кои редовно свиреле на инструменти е забележано дека подобро функционираат краткорочните механизми за меморија и концентрација во мозокот.
Експертите велат дека свирењето на инструменти, покрај подобрувањето на меморијата и концентрацијата, може да ја зголеми креативноста, како и квалитетот на нивниот живот.
По овој процес ќе се изведуваат активности за откривање на тоа како свирењето на инструменти ги создава овие ефекти во мозокот на децата.