Büşra Nur Bilgiç Çakmak
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за економски науки за 2020 година ја добија Пол Р. Милгром и Роберт Б. Вилсон „за унапредување на теоријата за аукција и за пронаоѓањето нови формати на аукција“, објави денес шведската Кралска академија на науките, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Овогодинешните лауреати, Пол Милгром и Роберт Вилсон, го проучуваа функционирањето на аукциите. Тие исто така ги искористија своите проучувања за изнаоѓање нови формати на аукција за стоки и услуги, кои тешко се продаваат на традиционален начин. Од нивните откритија бенефит имаат продавачите, купувачите и даночните обврзници низ светот“, се вели во соопштението на Академијата.
Петер Фредриксон, претседател на Комитетот за Нобелова награда, истакна дека оваа година лауреатите во економските науки започнале со фундаментална теорија, а потоа ги искористиле своите резултати и практично на глобално ниво, и додаде дека нивните откритија се од голема корист за општеството.
Овогодишните лауреати нема да заминат во Стокхолм за врачување на нивните награди поради ограничувањата за коронавирусот, туку ќе учествуваат на церемонијата за врачување преку видеоповрзување.
„Докторите на науки Милгром и Вилсон ќе ги добијат наградите пред крајот на годината. Тие ќе бидат поканети во Стокхолм при создавање на првите услови за одбележување на Нобеловата недела на традиционалниот начин“, рече Горан Хансон, генерален секретар на шведската Кралска академија.
Нобеловата награда за економски науки беше последната награда за оваа година.