Alperen Aktaş
25 Август 2023•Ажурирај: 26 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – „Галактик енерџи“, кинеска приватна компанија за аеровселена, денес ја лансираше својата осма ракета „Церес-1“ со цел да ги прошири своите капацитети за ракетно истражување, пренесува Анадолу.
„Галактик енерџи“ го испрати сателитот „Џилин-1 Куанфу 02А“, развиен од технолошката корпорација Чанг Гуанг, од центарот за лансирање сателити „Џиукуан“ во северозападна Кина, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.
Тоа го означи третото лансирање на компанијата за 35 дена и осмата успешна мисија за овој специфичен модел на ракета.
По лансирањето, тој ќе ја зголеми брзината на вмрежувањето во сателитската констелација „Џилин-1“, а во исто време, ќе ја прошири и достапноста на обемни податоци на далечинско набљудување со висока резолуција од „Џилин-1“.
Овој проширен ресурс на податоци може да понуди пообемни информации и услуги на далечинско набљудување за цели, како што се процена на земјиштето и ресурсите, паметно урбанистичко планирање и напредок во земјоделството и шумарството.
„Џилин-1“ е прв комерцијален сателитски систем за далечинско сензорирање развиен од страна на Кина.
Досега ракетата „Церес-1“ успешно се грижеше за 15 клиенти на комерцијалните сателити распоредувајќи 29 сателити во вселената.
Овие сателити се користени за цели, како што се набљудување на Земјата, метеоролошко следење и едукативни научни цели.