Dilan Pamuk
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за хемија за 2021 година ја добија двајца научници, Бенџамин Лист и Дејвид В. К. МекМилан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нобеловиот комитет на Кралската академија на науките на Шведска денеска во Стокхолм објави дека научниците Лист од Германија и МекМилан од САД се наградени за развој на „асиметрична органокатализа“.
Генералниот секретар на Кралската шведска академија на науките, Горан К. Хансон, посочи дека научниците се заеднички наградени за развој на оваа прецизна нова алатка за молекуларна конструкција, која имаше големо влијание врз фармацевтските истражувања и ја направи хемијата позелена.
Во соопштението се наведува дека лауреатите независно еден од друг развиле тип на катализа во 2000 година, процес што ја зголемува стапката на хемиската реакција со супстанција позната како катализатор која не користи ниту метали, ниту ензими, прва таква алатка досега. Овој процес наречен асиметрична органокатализа, се надоврзува на мали органски молекули.
„Апсолутно не го очекував ова изненадување“, рече Лист, додавајќи дека за веста за Нобеловата награда мислел дека е шега.
Тој, исто така, рече дека неговиот омилен аспект на оваа молекула е тоа што се јаде и е целосно безопасна за човечкото тело.
Шефот на Нобеловиот комитет за хемија, Јохан Аквист, рече дека концептот на катализа е едноставен и генијален и дека е факт што многумина се прашуваат зошто порано не се размислувало за тоа.
Се очекува овогодишните нобелови награди во областите на литературата, мирот и економијата да им бидат врачени на добитниците до 11 октомври.
Минатата година, Нобеловата награда за хемија заеднички им беше доделена на француската научничка Емануел Шарпентие и на американскиот научник Џенифер А. Дуден за развој на метод за уредување на геном користејќи ја технологијата КРИСПР.