Elvir Hociç
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
МОСКВА (АА) - Контролниот центар синоќа изврши успешен маневар за промена на позицијата на Меѓународната вселенска станица (ISS) во орбитата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција ТАСС јавува дека маневарот е извршен на полноќ и траел 13 секунди.
Просечната висина на којашто се наоѓа станицата во орбитата е зголемена за уште 350 метри, и сега се наоѓа на висина од 405,1 километар.
Маневарот е извршен со цел да се подобри позицијата пред слетувањето на вселенското летало „Сојуз MС-03“, кое на Меѓународната вселенска станица треба да пристигне во почетокот на јуни.